Vesna Besiç,Kayhan Gül
04 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
САРАЕВО (AA) - Претседавачот на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, и претседавачот со советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ денес се состанаа со вицепремиерот на Турција, Мехмет Шимшек јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот, меѓу другите, присуствуваше и Мирко Шаровиќ, министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ.
Шимшек синоќа допатува во Сараево по повод седма меѓународна инвестициска конференција "Sarajevo Business Forum (SBF) Перспективите на Кина + 16 CEEC" која започна денес во главниот град на БиХ.
Во рамките на посетата на Сараево, Шимшек прошета низ сараевската Башчаршија, по што на гробиштата Ковачи го посети гробот на првиот претседател на Претседателство на БиХ, Алија Изетбеговиќ. За време на посетата на гробот, Шимшек се помоли и положи цвеќе.
Заменик турскиот премиер во обраќањето на СБФ изрази уверение дека БиХ може да стане главна база за производство, за покривање на европскиот пазар, и дека може да послужи како база за кинеска инвестиција.
Поради тоа, како што тој изјави, смета дека има простор за соработка помеѓу Турција, Кина и целиот Балкан.