Ilgın Karlıdağ
18 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
БРИСЕЛ (АА) - Шефовите на владите и државите на Европската унија (ЕU), на самитот кој започна вчера во Брисел, договорија дека ќе работат заедно со Велика Британија на реформите во четири клучни области, на барање на британскиот премиер Дејвид Камерон, јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот совет соопшти дека се согласува да „се работи заедно со цел пронаоѓање на задоволително решение за сите страни во сите четири области“ за што ќе биде одржан уште еден состанок на 18 и 19-ти февруари.
Четирите области во кои Камерон бараше реформи, се однесуваат на исклучување на Велика Британија во случај на потреба од спасување на земјите од еврозоната, намалување на прекумерната регулација, давање на националните парламенти повеќе надлежности при формирање на законите на ЕУ и намалување на погодностите при вработување на граѓаните од другите европски држави.
На конференцијата за новинари, доцна синоќа, Камерон рече дека е направен „значителен напредок“ заедно со партнерите од ЕУ.
Рече дека референдумот за останување на Велика Британија во ЕУ ќе биде одржан до крајот на 2017 година.
„Има уште многу тешка работа да се заврши, но сега постои патоказ за тоа“, рече Камерон.