Zlatan Kapiç
18 Декември 2015•Ажурирај: 18 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Златан Капиќ
Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ во интервју за Anadolu Agency (АА) говорејќи за надминувањето на кризата помеѓу политичките претставници на ентитетите во БиХ рече дека излезот од таа ситуација во спроведување на одлуката на Уставниот суд на БиХ, кој претходно на негова апелација, дел од Законот за празници во РС се прогласени за неуставни.
„Не можеме да се откажеме од борбата за своите права, со користење на она што Уставот и законите ни овозможуваат во борбата против недвосмислено јасната дискриминација затоа што ќе имаме одредена реакција, да се исплашиме од тоа каква ќе биде реакцијата. Ќе помине. Ќе има реакции, но тие ќе поминат, порано или подоцна, сите одлуки на Уставниот суд ќе бидат спроведени“, рече Изетбеговиќ.
Одлуката на Уставниот суд на БиХ ги обедини позицијата и опзицијата во ентитетот Република Српска, како што вели Изетбеговиќ, со претходните навестувања за привремено обединување околу тоа прашање, „со оглед на тоа што го прави Додик, постојаното инсистирање на етничките прашања каде тежнее луѓето да го заборават празниот стомак, повторно да им се наметнат одредени теми, ентитетски, национални кои би им го одвлекле вниманието од вистинските, реални проблеми.“
Власта на ниво на државата БиХ, во која учествуваше и Сојузот на независни социјалдемократи, заедно ги донесе, кажа Изетбеговиќ, сите референтни одлуки кои се однесуваат на патот на Босна и Херцеговина кон членството во НАТО.
„Тоа што некои се предомислија па сега почнуваат да прават проблеми во таа смисла веројатно ќе биде нивна работа. Мислам дека тие гарнитури на политичари ќе се менуваат. Сметам дека оваа лоша социо-економска ситуација едноставно ќе однесе одредени гарнитури кои кочат сè во оваа земја, и европскиот пат и стабилизацијата и закрепнувањето на економијата и еве, патот кон НАТО“...
Членот на Претседателството на БиХ се осврна и на обврските кои Босна и Херцеговина треба да ги исполни пред поднесувањето на кредибилна апликација за членство во Европската унија, што е планирано за почетокот на 2016 година.
„Потребно е да се изврши прилагодување на Договорот за стабилизација и придружување кон ЕУ, да се дефинира координативниот механизам и мислам дека сме блиску и со едното и со другото. Но, ако се почне со проблемите во Босна и Херцеговина, со референдуми и кризи, Европа ќе биде сè помалку расположена да започне преговори со нас, бидејќи тие сакаат да разговараат со држава која е стабилна...“
Осврнувајќи се на неодамнешната посета на Анкара, Изетбеговиќ речедека БиХ и Турција имаат извонредна соработка, односите меѓу лидерите на двете земји се пријателски и братски, но дека економските односи не го следат тоа.
Потестувајќи дека турската влада преку Турската агенција за меѓународна соработка и координација (TIKA) во БиХ инвестирала над 300 милиони КМ и дека турската влада овозможила кредитни линии во вкупен износ од 150 милиони евра и квота за извоз на месо, Изетбеговиќ кажа дека е направен голем чекор напред во сферите за кои директно одлучува Владата на Турција.
Сè што има направено Турција за БиХ и за регионот, потестува Изетбеговиќ, било добронамерно и во иднина очекува таа земја да продолжи да го прави она што го правеше досега.
Односите со соседна Република Србија се сè подобри, а предвидувањата на Изетбеговиќ се дека БиХ во догледно време нема да ја признае независноста на Косово.
„Што се однесува до безвизниот режим (со Косово) ние го немаме и со одредени земји кои ги признавме пред 20 години и кои не признаа нас. Нема да можеме да сториме ништо за безвизниот режим, но можеме да го олесниме издавањето визи. Тие може да се издаваат во Скопје и во Белград и на тоа и се работи.“
Во следната година, смета Изетбеговиќ БиХ треба да ја сочува стабилноста, да ја продолжи силната поддршка на интеграциските процеси и да се сопрат дезинтеграциските процеси и дезинтеграциските обиди.