Мустафа: Случувањата во Куманово не влијаеа на односите помеѓу Косово и Македонија
“ Можам да кажам дека тоа не влијаело на односите на Косово и Македонија и ние продолживме да имаме добри односи со македонската влада, секако, почитувајќи се на реципрочен начин“ , нагласи Мустафа.
????? ????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
ПриштинаПРИШТИНА (АА) – Коментирајќи ги ги случувањата во Куманoво и обидите на одредени кругови во Македонија, Косово да се етикетира како “извозник на тероризмот“ , премиерот на Косово Иса Мустафа, во интервју за Anadolu Agency (AA) вели дека Косово максимално ќе се труди да соработува со сите соседи, и со Македонија и со Србија, “иако со неа имаме такви односи“ , како и со Албанија и со Црна Гора, затоа што борбата против тероризмот не е борба која ја води само една земја, туку бара регионална, европска и светска коалиција.
“Жалиме поради она што се случи во Куманово, бидејќи таму се загубени човечки животи, уништен е имотот и секако дека тоа никој не го посакува. Можам да кажам дека тоа не влијаело на односите на Косово и Македонија и ние продолживме да имаме добри односи со македонската влада, секако, почитувајќи се на реципрочен начин“ , нагласи Мустафа.
Однесувањето на Србија во кампањата против приемот на Косово во УНЕСКО секако дека ќе влијае на дијалогот, кој Косово и Србија го водат во Брисел, изјави премиерот Мустафа, во разговор за Anadolu Agency (АА).
Според него, икако “сакаме да кажеме дека дијалогот ќе биде продолжен и дека дијалогот не се доведува во прашање“ , за Косово таквото однесување е неприфатливо.
“Нас ни е во интерес да продолжи дијалогот затоа што имаме некои проблеми кои треба да ги решиме по пат на дијалог. Меѓутоа, Србија го злоупотребува и искористува тој дијалог, за да преку него работи против Косово. Таа се обиде да ги увери и некои други земји да гласаат против нашето члество во УНЕСКО, повикувајќи се на тоа дека ние со дијалог ќе продолжиме да го решаваме проблемот.
Прашањето на УНЕСКО, не е прашање на дијалогот, бидејќи ние мораме да добиеме дозвола од Србија дали ќе се зачлениме во УНЕСКО“ , изјави премиерот Мустафа во разговор за Anadolu Agency (AA).
Косовскиот премиер нагласува дека Србија во УНЕСКО има еден глас како и сите други земји, но и дека “за жал успеа да мобилизира одреден број земји , со поддршка на Русија и некои други, воглавно, недемократски земји, Косово да не го добие потребното двотретинско многинзство на гласови.“
Според неговите зборови Косово постигна многу добар успех добивајќи 92 гласа и тоа од демократски земји, предводени од страна на САД, Германија, Велика Британија, Франција и други.
“Ние ќе упатиме примедби затоа што не е прифатливо ваквото однесување на Србија и искористување на дијалогот како средство, како инстрмент, да не спречува да одиме по патот на интеграциите и во ЕУ и другите светски организации“ , истакна Мустафа.
Во врска со речиси двомесечната блокада на работата на Собранието од страна на опозицијата, која бара да се повлечат Договорите за Асоцијациите на општините со српско мнозинство во Косово и за демаркација на границата со Црна Гора, кои ги сметаат за штетни по Косово, премиерот оценува дека малцинството од 31 пратеник, нема право да ја попречува работата на Собранието, односно 85 пратеници од владејачката коалиција и 4 независни пратеници.
Исто така, тој наведува дека договорите не можат да се повлечат и дека за Асоцијацијата мислење ќе даде Уставниот суд, додека другиот е отворен за граѓаните, бидејќи уште не е ратификуван и може да се корегира доколку некој понуди аргументи.
“Ниту едниот, ниту другиот не можат да се повлечат, затоа што еден е ратификуван со двотретинско мнозинство на пратенички гласови и тој договор е договорен со Србија со посредство на Брисел и ги одредуваме само принципите, но она што го оставивме како “отворена врата“ е Уставниот суд да даде свое мислење, кое ќе биде последен збор за тоа дали договорот е во согласност со Уставот или не“ , вели Мустафа, додавајќи дека ќе се почитува одлуката на Судот.
“Доколку Судот каже дека не е во склад, тогаш нема да применуваме или ќе се преговара или тие точки за кои судот ќе утврди дека не се во склад со Уставот, нема да бидат применети, бидејќи нема да примениме ништо што не е во склад со Уставот“ ,изјавува косовскиот премиер.
Тој истакнува дека оваа политичка ситуација не може да го однесе Косово на вонредни избори, затоа што во Собранието постои повеќе од двотретинско мнозинство, дека нема никаква причина за избори и дека тие не се решение, бидејќи истиот проблем продолжува и понатаму.
Република Српска пречка во односите помеѓу БиХ и Косово
Босна и Херцеговина, покрај Србија е една од земјите во регионот која не го призна Косово, а сеуште постои визниот режим помеѓу двете земји. Мустафа вели дека за жал, не гледа некаква можност да се случат брзи промени.
“Би било сосема нормално да не е така и да има промени, но за жал, не гледам некаква можност да се случат промени,бидејќи влијанието на Србија преку Република Српска и другите канали е многу големо“ , смета Мустафа.
Мустафа нагласи дека Косоварите со Бошњаците секогаш имале добри односи и дека тотално бесмислено тоа што се применува сега визниот режим, со кој се попречува и културната соработка и движење на граѓаните од двете зејми.
“Ние сепак очекваме Владата на Босна и Херцеговина да ги промени релациитеи односите во тој правец“ , порачува косовскиот премиер Мустафа.
Турција, голем инвеститор во Косово
Кога станува збор за односите со Турција, косовскиот премиер истакнува дека соработката помеѓу двете земји е на високо ниво, посебно во областа на економијата. Тој напоменува дека турските инвестиции во Косово се големи и дека Турција учествуваше во приватизацијата на претпријатијата и концесуални процедури.
“Аеродромот и некои фирми кои се бават со дистрибуција на електрична енергија се турски инвестиции. Имавме и доста големо присуство на турски градежни компании во нашата зејма. Ние сме заинтересирани да го развиваме тоа”, наведува Мустафа.
Исто така, косовскиот премиер, вели дека постои добра културна соработка помеѓу Косово и Турција, поради присуство на турската заедница на Косово, како и дека соработката помеѓу овие две земји резултираше со збратимување на неколку косовски и турски општини.