ПРИШТИНА (AA) - Премиерот на Косово Иса Мустафа, отворајќи ја третата заедничка седница на владите на Косово и Албанија, оцени дека соработката и приближувањето на Косово и Албанија никогаш не биле подобри, јавува Anadolu Agency (AA).
„Продлабочување на соработката помеѓу двете влади е во интерес на нашите граѓани, тоа е национален и државен интерес и затоа во склад со тој интерес ќе изнајдеме заеднички јазик за да ги спроведеме нашите процеси напред", рече Мустафа.
„Двете влади имаат одговорност и без прекин да се грижат за Албанците кои жевеат надвор од Косово и Албанија" ,нагласи косовскиот премиер, охрабрувајќи ги сите заедници кои живеат на Косово, а посебно српската, и понатаму да се интегрираат и да ги почуваат законите на Косово бидејќи тоа е услов за градење демократско и мултиетничко Косово.
Според неговите зборови, денешниот состанок на двете влади, покрај останатото, ќе придонесе кон унапредување на односите на Балканот, што е неопходно и за понатамошните европски интеграции. Додаде дека Косово е определено за дијалог со сите земји, како и со Србија и има коректен пристап во врска со демаркацијата на границата со Црна Гора.
„Ние не сметаме дека подаруваме или земаме ниту еден квадратен метар на Црна Гора, туку само ја означуваме поранешната административна линија и ја претвораме во гранична линија помеѓу две суверени земји", нагласи Мустафа.
Премиерот на Албанија Еди Рама потсети дека во последните две години благодарејќи на соработката на владите на Албанија и Косово остварена е енергетска поврзаност на двете земји, заеднички земјоделски пазар со воспоставување на контролата на храната, како и ускладеност на предуниверзитетскиот образовен систем, додека заедничкиот културен календар стана реалност.
Рама истакна дека досегашните резултати од заедничката работа се охрабрувачки, посебно имајќи во предвид дека минатата година за прв пат трговската размена достигна вредност од 200 милиони евра и дека Косово за прв пат е на второ место од земјите во кои Албанија извезува.
„Албанија и Косово секогаш биле заедно и во добрите и во лошите денови, но прв пат потпишуваме платформа за соработка во случај на природни непогоди", рече Рама и доаде дека треба да се оди понатаму во процесот на ускладување на стратегиите во сите области.
Албанскиот премиер нагласи дека Албанија е најсилниот Адвокат на Косово внатре во НАТО и дека европските интеграции се неопходни, не како потреба на земјите од Балканот туку како неопходност за посигурна Европа.
Рама рече дека Албанија потполно го поддржува дијалогот на Косово со Србија и изрази поддршка на Албаните во Македонија и Србија.
„Нема да престанеме да подвлекуваме дека полните права на Албанците во Макеоднија и заживување на духот на Охридскиот договор претставуваат неопходност за Македонија каква сакаме, силна и стабилна, во делот на сите процеси и интеграции, како во ЕУ, така и во НАТО. Од друга страна, нема да престануваме да повторуваме дека правата на Албанците во Прешевската долина мораат да се почитуваат најмалку онолку колку што се почитуваат правата правата на другите малцинства во Косово и Албанија", порача Рама.
Во текот на заедничкиот состанок на владите во Приштина најавено е и потпишување на седум нови договори. Претходните состаноци на двете влади се одржани во Призрен 2014 и во Тирана 2015 година.
news_share_descriptionsubscription_contact
