Elena Trenchevska Chekovic
20 Февруари 2026•Ажурирај: 23 Февруари 2026
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со новоназначената министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски, пренесува Анадолу.
Муцунски на американската платформа за социјални медиуми Х соопшти дека во разговорот до својата бугарска колешка упатил честитки за нејзиното назначување и ѝ посакал успех во мандатот.
„Односите меѓу нашите две земји треба да бидат водени од добрососедство, пријателство и конструктивна соработка“, нагласил Муцунски во разговорот.
Тој посочи дека предложил одржување билатерален состанок во блиска иднина „како неопходен чекор кон одржување на отворен дијалог и одговорно ангажирање“.