Ekipa
27 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Советот на чуварите на Уставот на Исламската Република Иран денеска соопшти дека претседателските избори во земјата ќе се одржат на 19 мај следната година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според законот, сегашниот претседател на Иран, Хасан Рохани има право да се кандидира за уште еден мандат на функцијата.
Во Иран, претседателските избори обично се одржуваат во јуни или подоцна, но беше одлучено да се одржат еден месец порано поради месецот на постот, Рамазан.
Освен претседателските, во Иран исто така ќе одржат и локалните избори на кои ќе бидат избрани околу 120.000 членови на Советот за градските совети низ целата земја.