Ekipa
27 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
БРИСЕЛ (АА) - Поранешниот француски министер за надворешни работи, Мајкл Барниер (65) е именуван за шеф на преговарачкиот тим на Европската Унија (ЕУ) за излез на Велика Британија од блокот, јавува Anadolu Agency (AA).
Барниер е искусен европски политичар, кој претходно ја извршувал и функцијата на комесар на ЕУ за внатрешниот пазар и за финансиска регулатива и бил член на Европскиот парламент.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод-Јункер го нарече „вешт преговарач со богато искуство во главните подрачја на политиката кои се однесуваат на преговори“.
Барниер во октомври официјално ќе ја преземе функцијата на главен преговарач на Брегзит, која ќе започне да ја извршува тогаш кога Велика Британија официјално ќе ги започне преговорите за излез од Унијата, датум кој сѐ уште е неизвесен.