Ekip
27 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
МАДРИД (AA) – Шпанскиот премиер Мариано Рахој рече дека првиот чекор на Владата, доколку Сенатот ги одобри посебните овластувања, ќе биде смена на каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон, јавува Anadolu Agency (AA).
Рахој им се обрати на членовите на Сенатот во пресрет на гласањето за тоа дали ќе се активираат уставните овластувањата со кои ќе се преземе контролата над автоновните власти на Каталонија во намера да го запрат прогласувањето на независноста.
Рахој истакна дека, доколку Сенатот ги одобри мерките, Владата на Шпанија ќе го смени Пуџдемон и неговите министри.
„Она што се случува во Каталонија е јасно кршење на законот, демократијата, сите права, а тоа има консеквенци, рече Рахој.
Шпанскиот премиер додаде дека мерките се единствен излез од кризата. Се очекува дека регионалниот парламент на Каталонија ќе одржи итна седница во петок попладне на која формално би можела да биде издадена декларација за независноста.