Kasım İleri
09 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Републиканската партија на изборите во САД според првите резултати ја задржаa контролата во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, јавува Anadolu Agency (AA).
Републиканците ја задржаа контролата и во Сенатот (51-47), кој доби третина нови претставници.
Американците вчера, освен претседател бираа и членови на Претставничкиот дом, една третина од членовите на Сенатот и повеќе гувернери.
Домот и Сенатот се рамноправни домови, но постојат одредени посебни овластувања доделени на само едниот дом. Сенатовиот совет и неговото одобрување се потребни за потврдување на предложените кандидати за претседател, за високи функционери во извршната власт и судиите, како и за потврдување на договорите кои ги договара претседателот. Сите закони за собирање на приходи мора да бидат создадени во Претставничкиот дом а не во Сенатот, но Сенатот може да ги одбие и да предлага амандмани за нив.
Претставничкиот дом има 435 места, а Сенатот 100. Членовите на Претставничкиот дом се бираaт на две, а Сенатот на шест години.