Dildar Baykan
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот директор на американското Федерално разузнавачко биро (ФБИ), Џејмс Комеј, се согласи на Комитетот на американскиот Сенат за разузнавачки работи да му ги предаде забелешките кои ги направи за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, пред да биде разрешен од должност со одлуката на Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Марк Ворнер, член на Комитетот од редот на Демократската партија, изјави дека Комитетот постигнал договор со Комеј и оти наскоро ќе го земе за увид неговиот бележник.
„Постигнавме начелен договор тие забелешки на соодветен начин да се достават до Комитетот на Сенатот. Задоволен сум поради тоа, бидејќи сметам оти тоа е важен процес на истрагата што Комитетот ја спроведува. Особено сакам да ги видам забелешките од состанокот во Овалната канцеларија, од 14.февруари, кога е разговарано за поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин“, изјави Варнер.
Трамп на 10. мај го смени директорот на ФБИ, Комеј, кој спроведуваше истрага за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД минатата година. Истрагата е водена против поранешниот советник на Трамп, Флин.
За време на давањето на исказот пред американскиот Конгрес, Комеј на 8. јуни изјави дека Трамп од него бара да се спречи истрагата против Флин и дека за време на тие состаноци со Трамп направил забелешки од кажаното.
Американскиот претседател Трамп претходно изјави дека поседува и тонски снимки од тие состаноци и негира оти барал да се запре истрагата и поради тоа го отпуштил Комеј.