Ekip
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
ЉУБЉАНА (АА) - Словенечкиот претседател Борут Пахор закажа предвремени Парламентарни избори за 3 јуни оваа година, откако премиерот Миро Церар поднесе оставка минатиот месец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пахор денес официјално потпиша декрет со кој се распушта Парламентот за да се отвори пат за одржување на предвремени Избори.
Церар одеднаш поднесе оставка откако Уставниот суд донесе одлука за важен железнички проект. Неговата централно-левичарска Влада се соочи со бран штрајкови и протести во јавниот сектор, и покрај економскиот раст на една од најмалите земји-членки на ЕУ.
По распишувањето на Изборите, претседателот Пахор повика на „толерантна атмосфера без говор на омраза“ за време на предизборната кампања.