Fatjon Cuka
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ТИРАНА (AA) - Комисијата за надворешни работи на Собранието на Албанија одржа седница за актуелната политичката ситуација во Македонија, на која присуствуваше и заменик-министерката за надворешни работи на Албанија, Одета Барбулуши, пренесува Anadolu Agency (AA)
Барбулуши за време на својот говор на Комисијата рече дека Македонија игра важна улога за мирот и стабилноста во регионот.
Според официјалниот извештај на Парламентот, Барбулуши ја опиша на политичката состојба во Македонија, како што се наведува во соопштението, во последниот период е влошена, поради што, се додава, ЕУ и САД го интензивираа нивниот анганжман во оваа земја.
"Како прва точка беше организирање на предвремени избори, кои бешедоговорено да се одржат на 24 април. Како второ, оставка на премиерот Никола Груевски, која е реализирана. Како трето, медиумските реформи, според кои сите партии треба да имаат еднаков пристап до јавните и приватните медиуми, како и прочистување на избирачкиот список", рече Барбулуши.
Според неа, одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичарите е апсурдна одлука, бидејќи Пржинскиот договор, според неа, предвидуваше основање на Специјално јавно обвинителство за испитување на овие функционери и тоа доведе до продлабочување на политичката криза во Македонија.
Претседателката на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Албанија, Арта Даде, рече дека случувањата во Македонија се следат со посебно внимание и од страна на Комисијата која таа ја води.
Даде, истакна дека дека Македонија игра важна улога во процесот на интеграција на регионот.