Kristina Maslareviç
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
БЕЛГРАД (АА) - На собирот посветен на презентирање на извештаи за спроведување на Актот за мали претпријатија на Западен Балкан и Турција, ќе биде претставена евопската политика на мали и средни рпетпријатија, јавува Anadolu Agency (AA).
Актот за мали претпријатија е важен документ за сите земји-кандидати за членство во ЕУ во таа област, бидејќи претставува една од обврските кои е потребно да се спроведат.
„Националната политика на Србија е во склад со овие документи, така да ова претставува и оценка за спроведување на политиката на мали и средни претпријатија. Многу ми е драго што е констатирано дека Турција, Македонија и Србија се најнапредни во смисол на ускладување на своите политики во пракса во оваа област со политиката на ЕУ“, рече помошникот министер за земјоделие на Србија, Катарина Обрадовиќ - Јовановиќ.
Таа додаде дека Актот во Србија се спроведува веќе неколку години и дека претставува документ кој во себе содржи десет насоки кои треба да се направат за да се овозможи поволна средината за мали и средни претпријатија, така да тој е веќе интегриран во сите активности кои се спроведуваат.