Dilara Hamit
16 Април 2019•Ажурирај: 17 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турската владејачка АК Партија (AK Parti) денеска поднесе посебна жалба во Врховната изборна комисија (YSK) во врска со резултатите од изборите за градоначалник во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
„Имаме сомнежи и сѐ уште не сме во можност да ги решиме“, изјави заменик-претседателот на АК Партијата, Али Ихсан Јавуз.
Тој рече дека само Врховната изборна комисија на Турција (YSK) може да ги реши тие сомнежи.
Според неофицијалните резултати, кандидатот на главната опозициска Републиканска народна партија (CHP), Екрем Имамоглу, предводи во трката за градоначалник на Истанбул со 48,79 отсто од гласовите, по кого следи Бинали Јилдирим од владејачката АК Партија со 48,51 отсто од гласовите.
Сепак, АК Партијата вели дека пребројувањето може да ги промени резултатите.