Can Efesoy,Tuğba Altun
06 Март 2025•Ажурирај: 07 Март 2025
Шефот на турскат дипломатија, Хакан Фидан, во Анкара се сретна со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман, а по средбата изјави дека разговарале за сите аспекти на зајакнувањето на билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања, вклучително и за случувањата во Украина, Палестина и Сирија, известува Анадолу.
Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, истакна дека „одржливата и одвраќачка безбедносна архитектура (на Европа) е можна само со учество на Туркије“, известува Анадолу.
Фидан се обрати на заедничката прес-конференција по состанокот со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман во Министерството во главниот град Анкара.
Потсетувајќи дека од самиот почеток нагласиле дека руско-украинската војна треба да се реши со преговори, министерот Фидан рече:
„Како Туркије, во секоја прилика истакнуваме дека сме подготвени да придонесеме за иницијативи засновани на дијалог и дипломатија. Не само што го изразивме тоа, туку и презедовме практични чекори.“
Фидан изјави дека Туркије го споделила својот став со своите европски сојузници на состанокот во Украина што се одржа минатиот викенд во Лондон.
„Прашањето за европската безбедност не може да се сведе само на војната во Украина. Прашањето за безбедносната архитектура на Европа мора да се решава од долгорочна и стратешка перспектива.
Во тие рамки, одржлива и одвраќачка безбедносна архитектура (на Европа) е можна само со учество на Туркије“.
Шефот на турската дипломатија рече дека хрватскиот колега имале можност да разговараат и за актуелните случувања во Босна и Херцеговина, додавајќи дека е видливо зголемувањето на изјавите и одлуките кои го зголемуваат ризикот во односите меѓу конститутивните народи.
„Сведоци сме дека некои земји прават потези кои дополнително ги зголемуваат тензиите. Од големо значење е да се воздржиме од еднострани одлуки и да ги решаваме проблемите преку дијалог. Како што нагласивме претходно, Туркије целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, рече Фидан.
Повикувајќи на воздржаност и разумност, Фидан порача дека не треба да се паѓа на провокации, туку дека е потребна соработка, договор и дијалог.
„Како Туркије, ние сме подготвени да направиме сѐ што е потребно“, порача Фидан.
Министерот Фидан се осврна и на израелско-палестинското прашање, нагласувајќи дека мора да се спроведат сите фази од прекинот на огнот во Газа.
„Израелската Влада продолжува да не го почитува меѓународното право во Газа и на Западниот Брег“, посочи Фидан.
Потсетувајќи дека израелската Влада забранила хуманитарна помош да влезе во Газа, Фидан истакна дека оваа одлука треба да биде поништена што е можно поскоро.