Enes Canlı
13 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Откако на 9 октомври е започната операцијата „Извор на мирот“, чија цел е да се придонесе за воспоставување на мирот и безбедноста на северот на Сирија и да се уништи терористичкиот коридор, кој терористите на ЈПГ/ПКК настојуваат да го формираат јужно од границата со Турција, приврзаниците на терористичката организација продолжуваат да шират дезинформации на социјалните мрежи, јавува Anadolu Agency (AA).
Профилите блиски на терористите, фотографиите снимени во различни временски интервали, со ист интензитет продолжија да ги претставуваат како да се настанати во текот на операцијата „Извор на мирот“.
Така, фотографијата настаната во текот на „Зелениот марш“, во кој учествуваа стотици илјади луѓе, а која настана во 1975 година на југот на Мароко, се обидоа да ја прикажат како да е снимена на подрачјето во кое се изведува операцијата.
Еден од симпатизерите се обиде и фотографијата на машко лице додека држи тело од дете, настаната по руските воздушни напади врз Идлиб на 17 август, да ја прикаже како да е настаната во текот на операцијата на турските сили.
Покрај тоа, приврзаниците на терористите се обидоа фотографијата на девојче рането во Јемен во текот на интервенцијата на коалициските сили, на чело со Саудиска Арабија во ноември 2018 година, да ја прикажат како да е настаната во текот на операцијата „Извор на мирот“.
Лицата кои ги поддржуваат терористите се обидоа и фотографијата на деца кои ги прекриваат ушите и гледаат во небото, а која настана во Јемен во декември 2016 година, да ја прикажат како да е настаната во текот на операцијата „Извор на мирот“.
Обид за манипулација е и фотографијата на дете меѓу урнатините настаната во февруари во 2018 година во Сирија, која приврзаниците се обидоа да ја претстават дека настанала во текот на операцијата „Извор на мирот“.
Чекор понапред отиде лицето кое фотографијата на репортерот на Anadolu Agency (AA), Џавад ал Рифаи, настаната во текот на војната во Сирија во 2016 година, да ја прикаже како да е настаната во текот на операцијата „Извор на мирот“.
Приврзаниците на терористичката организација манипулираа со содржини и ширеа дезинформации и во текот на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.