Hasan Esen
07 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија прави планови да испрати оклопни возила за помош на Украина, која се наоѓа под руски напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Тајмс“ (Times) наведува дека Министерството за одбрана размислува да испрати оклопни возила од видот „мастиф“ или „џекал“, кои можат да се користат за извиднички или патролни цели.
Во меѓувреме, Велика Британија, исто така, верувајќи дека следните три недели ќе бидат критични за одредување на конечниот исход од војната, го зголеми снабдувањето со оружје.
- Руските сили напредуваат кон истокот на земјата -
Руските сили, кои по жесток отпор се повлекоа околу главниот град Киев, напредуваат кон истокот на земјата.
Се верува дека Русија се подготвувала да ги заземе целосно областите на Доњецк и Луганск кои беа под украинска контрола пред војната.
Украина од земјите што ја поддржуваат бара воени авиони, системи за противвоздушна одбрана, како и тенкови и оклопни возила.