Cüneyt Karadağ
07 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Европа е пред испит поради растот на цените, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одговарајќи на прашања од пратениците во германскиот Бундестаг, Шолц рече дека пандемијата на Ковид-19 дополнително влијаела на растот на цените. Тој додаде дека има сериозни проблеми во транспортот.
„Проблемите во транспортот се одразија на растот на цените. Претпоставувам дека глобализацијата е при крај бидејќи служи само на мал дел од пазарот“, истакна германскиот канцелар.
Шолц додаде дека во последните 30-40 години многу земји станале конкурентни на Германија.