Handan Kazancı
05 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
БАКУ (АА) - Во неодамнешните судири за регионот Нагорно Карабах уништено е оружје што ѝ припаѓаше на ерменската Армија во вредност од 4,8 милијарди долари во подрачјето што под окупација го држеше речиси 30 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Професорите од Државниот економски универзитет во Азербејџан го пресметаа обемот на материјалните загуби на ерменската Армија во оружје и возила за време на 44-дневните судири.
Азербејџанската Армија, која започна операции на 27 септември за ослободување на Нагорно Карабах и неговите соседни региони од ерменската окупација, ги ослободи своите територии и ѝ зададе тежок удар на ерменската Армија.
Од првиот ден на операцијата, Азербејџанците извршија интензивни напади врз ерменските сили од копно и од воздух.
Според изјавите на ерменскиот врв по потпишувањето на примирјето минатиот месец, постигнато со посредство на Русија, му било пријавено на премиерот Никол Пашинијан уште во првите четири дена од борбите за знаци на распад кај силите на Ереван.
За време на периодот на окупацијата, беспилотните летала од турско производство, дел од арсеналот на азербејџанската Армија, ѝ ја нанесоа најголемата штета на ерменската Војска, која ги градеше своите одбранбени линии зад дебели бетонски sидови.
Со прекинот на огнот што администрацијата на Ереван мораше да го потпише по континуираното напредување на Азербејџан и постепеното ослободување на своите територии од окупација, загубите на ерменската Армија станаа појасни, а ерменското оружје беше уништувано скоро на секој чекор.
Односите меѓу поранешните советски републики се тензични од 1991 година кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, територија признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.
Кога на 27 септември избувнаа нови судири, ерменската Армија започна со напади врз цивилите и азербејџанските сили и прекрши неколку договори за хуманитарен прекин на огнот.
За време на судирите, Азербејџан ослободи неколку градови и речиси 300 населби и села од ерменска окупација.
Двете земји на 10 ноември потпишаа договор за прекин на борбите и работа кон сеопфатно решение со посредство на Русија.
Примирјето се смета за победа на Азербејџан и пораз на Ерменија, чии вооружени сили се повлекуваат во согласност со договорот.