Emre Gürkan Abay
05 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Руската енергетска компанија „Гаспром“ соопшти дека Германија нема да може да ја користи втората линија на нејзиниот стопиран проект за гасоводот „Северен тек 2“ пред 2028 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од „Гаспром“ се потсетува дека гасоводот „Северен тек 2“ не е активен.
Во ова соопштение се наведува дека е одлучено инфраструктурата во копнените делови на пругата да се искористи за северозападните региони на Русија.
„Доколку Германија одлучи да го пушти во употреба „Северен тек 2“, само една линија во проектот ќе биде искористена со 100-процентен капацитет“, се додава во соопштението.
Се нагласува дека повторното пуштање во употреба на втората линија на „Северен тек 2“ нема да биде можно пред 2028 година.
Планирано е преку линијата годишно да се транспортираат 55 милијарди кубни метри руски гас до Германија преку Балтичкото Море, чија вкупна цена е приближно 11 милијарди долари.
Во проектот „Северен тек 2“, чиј процес на сертификација беше запрен по инструкциите на германскиот канцелар Олаф Шолц на 23 февруари, работите за одржување поради санкциите не можеа да се извршат.