Süleyman Elçin
15 Февруари 2019•Ажурирај: 16 Февруари 2019
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денес во Анталија изјави дека елиминацијата на терористичките елементи на ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија нема алтернатива, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како што претходно во Африн, во операцијата „Штитот на Еуфрат“, ги исчистивме елементите на терористичките организации ДЕАШ, ПКК, ЈПГ, Ал Нусра, така ќе сториме и со терористичките елементи на ЈПГ/ПКК во другите места во близина на нашата граница. Терористите се терористи, без оглед на тоа како се нарекуваат. Сите ќе бидат елиминирани вака или онака, и тука нема алтернатива“, изјави Чавушоглу.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК под окупација држи речиси третина од територијата на Сирија. Терористите во окупираните градови не дозволуваат влез и излез на цивилите, како ни увоз на храна, лекови и друга помош.