Aida Cako
15 Јануари 2026•Ажурирај: 16 Јануари 2026
МИНЕАПОЛИС (АА) - Тензиите ескалираа по пукотницата во која беа вклучени федералните сили за спроведување на законот во американскиот град Минеаполис, јавува Анадолу.
Федералните агенти употребија солзавец врз членовите на заедницата за време на протестот.
Пред една недела агент на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) смртно ја застрела Рене Никол Гуд.
Да потсетиме дека федерален агент пукаше во ногата на венецуелски државјанин за време на тепачка во Минеаполис, објави Министерството за внатрешна безбедност (DHS), додавајќи дека агентот бил нападнат за време на обид за апсење.