Safiye Karabacak
05 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
ГАЗА (AA) – Најмалку петмина Палестинци, вклучувајќи и бремена жена, убиени се во нови напади кои израелските сили ги изведоа на подрачјето на блокираниот Појас Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за здравство од Газа соопшти дека во денешниот израелски напад се убиени Абдула Абдурахим (22), Фади Рагиб Бедран (31) и Емани ал Медун (33), која беше во деветтиот месец од бременоста.
Во соопштението се наведува дека во израелскиот денешен напад во Рафа се убиени Муса Муамер (24) и Али Абдулџавад (51).
Израелските сили од вчера изведуваат жестоки воздушни и израелски напади на Газа, а од ресорното Министерство од Газа соопштено е дека во тие напади се убиени најмалку 17, а ранети 110 Палестинци.
Од друга страна, најмалку три лица загинаа и на подрачјето на Израел кон кое палестинските групи од Газа испукувале ракети. Меѓу загинатите е и еден Палестинец.
Тензиите во регионот Газа ескалираа во петокот, кога во текот на протестите се ранети двајца израелски војници, а израелските сили изведоа жестоки напади на кои палестинските групи одговорија со ракети од Газа.
Израелската војска вчера изведе жестоки воздушни удари на Газа, а срушена е и зградата во која се наоѓаше канцеларијата на Anadolu Agency (AA).