İhvan Radoykov
05 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
СОФИЈА (АА) - Папата Франциск упати апел до Бугарија да не ги затвора своите врати за мигрантите, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата Франциск реализираше официјална посета на Бугарија, а по средбата со бугарскиот претседател Румен Радев имаше свое обраќање на плоштадот „Кнез Александар“.
Тој нагласи дека Бугарија се наоѓа на крстосница на голем број култури и цивилизации, и дека оваа земја е мост меѓу Источна и Западна Европа и отворена врата кон Средниот Исток. Според него, тоа не е проблем, туку богатство.
Папата истакна дека исто како другите европски земји, и Бугарија се соочува со проблем со населението, и дека покрај нискиот наталитет, и миграцијата и војните имале удел во овој проблем.
Исто така, папата Франциск упати апел до Бугарија да не ги затвора своите врати за мигрантите кои поради различни причини биле принудени да ги напуштат нивните земји.
Од друга страна, бугарскиот претседател Радев рече дека историјата на земјата е полна со војни и страдања, и дека тие ја знаат вредноста на мирот.
Тој додаде дека црквата, синагогата и џамијата со векови се наоѓаат едни до други неколку метри оддалечени од овој плоштад.
Папата Франциск се сретна и со патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ), Неофит.
Тој утре во Софија ќе се сретне и со мигрантите.
Инаку, папата Франциск во вторник ќе допатува во Северна Македонија каде што ќе се сретне со државниот врв, дипломатскиот кор и со други претставници, како и со сиромашните, а во овие рамки на централниот градски плоштад ќе одржи и литургија.