Özcan Yıldırım
22 Октомври 2023•Ажурирај: 23 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Туркије подготви авион со лекови и медицински материјали за луѓето во Газа, известува Анадолу.
Ова утро претседателскиот авион беше натоварен со лекови и медицински материјали на аеродромот Есенбога во Анкара.
Во авионот ќе бидат и 20 медицински работници, кои ќе им укажат помош на Палестинците.
Медицинскиот тим, во кој има и лекари, ќе ја организираат работата на теренските болници кои ќе бидат поставени на аеродромот Ал Ариш во Египет и на граничниот премин Рафах.