Betül Yürük
16 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Постојаниот претставник на САД во ОН, Ники Хејли, во врска со крематориумот што режимот на Сирија го има изградено во затворот „Сајднаја“ со цел да ги скрие телата на убиените затвореници, изјави: „Обидот на Асад преку крематориумот да ги прикрие масовните убиства, потсетува на најголемите злосторства против човештвото од 20. век”, јавува Anadolu Agency (AA).
„Режимот на Асад во затворот Сајднаја уби илјадници луѓе”
Во врска со ова прашање, Хејли даде писмено соопштение во кое истакнува дека решимот на Асад на еден систематски и ѕверски начин спроведува терор врз сопствениот народ.
Ники Хејли изнесувајќи ја својата процена, напиша: „Обидот на Асад преку крематориумот да ги прикрие масовните убиства, потсетува на најголемите злосторства против човештвото од 20. век”.
Хејли истакна дека за ова злосторство, одговорен е Асад, но и Русија и Иран го носат товарот од овој варварски чин, истакнувајќи дека овие две земји му помагаат на режимот при киднапирањето, измачувањето, убиствата без судење, воздушните напади, бомбардирањата со барелни бомби и со хемиско оружје.
Тој истакна дека целиот свет е свесен за злосторства на режимот во Сирија и додаде: „Дојде време кога и Русија треба да ни се придружи”.