Gizem Nisa Çebi Demir
10 Јуни 2026•Ажурирано: 10 Јуни 2026
Дванаесет лица се убиени, а деветмина се повредени во пукање во дивата населба Џамперс во Кливленд, Јоханесбург, доцна синоќа, соопшти полицијата, јави денес „eNCA“, пренесува Анадолу.
Полицијата реагирала на дојавата за пукање околу 23:10 часот по локално време, при што на местото на настанот нашла повеќе лица со рани од огнено оружје.
На местото на настанот била констатирана смрт на осум мажи и три жени, а подоцна уште еден маж им подлегнал на повредите во болница, објави „eNCA“.
Властите соопштија дека повеќе од 10 тешко вооружени осомничени лица, за кои се претпоставува дека се наоѓале со бело возило „тојота квантум“, отвориле оган на неколку локации во населбата пред да побегнат.
Досега нема приведени, а истрагата е во тек.