Elena Teslova
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
МОСКВА (АА) – Шефот на одделот за главни операции при Генералштабот на руската војска, Сергеј Рудској, изјави дека Мунбич, кој е под контрола на терористичката организација ПЈД/ПКК, ќе биде предаден на Сириската армија, јавува Anadolu Agency (AA)
На информативната средба во Министерството за одбрана на Русија, во присуство на овластени лица од министерството, Рудској соопшти дека терористичката организација ПЈД/ПКК прифатила да се повлече од Мунбич и од неговата околина, со цел ова место да биде предадено на силите на Асад. Рускиот командант исто така посочи дека раководството на Дамаск од 3. март ќе започне со државните активности во Мунбич и во неговата околина.
Министерот за национална одбрана на Турција, Фикри Ишик, во својот говор што го одржа во Баликесир на оваа тема беше изјавил: „Најпрво ДЕАШ некои места му ги препушти на режимот. Сега како што можеме да видиме, и ПЈД, ЈПГ некои места му ги препуштаат на режимот. Ова всушност ја докажува нашата теза дека ПЈД, ДЕАШ и режимот одвреме-навреме дејствуваат заедно. За време на раздвиженоста во овие неколку дена можевме да забележиме дека повеќе структури, кои изгледаат како меѓусебни непријатели, со леснотија можат да соработуваат“.