Şerife Çetin
18 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, во изјавата дадена во однос на Брегзит истакна: „И двете страни имаат потреба од доверба и визија. Бидејќи односот на Велика Британија со европските соседи во следните 25 години е под закана“, јавува Anadolu Agency (AA).
Хант, пред почетокот на седницата на Советот на надворешни работи на ЕУ во Брисел, даде изјава за медиумите.
Хант истакнувајќи дека разговорите за Брегзит се наоѓаат во „критичниот последен период“ наведе дека очекува да се постигне решение пред 29 март, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.
Истакнувајќи за тоа дека е познато како ќе се добие мнозинството во британскиот Парламент, Хант рече дека Велика Британија ја потврди силната посветеност на Договорот.
„И двете страни имаат потреба од доверба и визија. Бидејќи односот на Велика Британија со европските соседи во следните 25 години е под закана“, истакна Хант.
Според календарот, Велика Британија на 29 март официјално треба да ја напушти Европската Унија.
Но, премиерката Тереза Меј не успеа да добие парламентарна поддршка за процесот за преговарање, откако претходно Договорот за Брегзит постигнат со ЕУ на 25 јануари беше одбиен со мнозинство гласови во Парламентот.
Предлогот на Тереза Меј за менување на „членот за претпазливост“ во однос на северно-ирската граница беше одбиен од страна на Долниот дом на Парламентот.