Aida Cako
20 Август 2025•Ажурирај: 23 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) – На реката Батанг Куантан во индонезиската провинција Ријау денес се одржа традиционалната трка со чамци во рамките на фестивалот Паку Џалур, јавува Анадолу.
Фестивалот, кој редовно се одржува секој август, претставува една од најпознатите прослави во регионот и дел е од свеченостите со кои се одбележува Денот на независноста на Република Индонезија.
Фестивалот собира голем број посетители и учесници, а традиционалните чамци украсени со шарени детали се симбол на локалната култура и заедништво. Трката се одвива во свечена атмосфера исполнета со музика, танци и разни културни манифестации.
Со текот на времето Паку Џалур стана една од најзначајните културни традиции на провинцијата Ријау, привлекувајќи туристи и љубители на автентични локални обичаи од целата земја.