Havva Kara Aydın
04 Октомври 2019•Ажурирај: 05 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги ќе биде предмет на дискусија на вториот ден од „ТРТ Светскиот форум“ (TRT World Forum), на 22 октомври во Истанбул, јавува Аnadolu Agency (AA).
Посебна сесија ќе биде посветена на прашањето за убиството на Кашоги во Саудискиот конзулат во Истанбул, и неговата поврзаност со менувањето на геополитичкиот баланс на Блискиот Исток.
Ијад ал Багдади, претседател на Фондацијата „Кавакаби“ со седиште во Норвешка; Ајман Нур, лидер на партијата „Гад ал Тавран“ и поранешен египетски претседателски кандидат; Јасин Актај, советник на претседателот на АК Партијата; Дејвид Херст, одговорен уредник на веб-сајтот „Middle East Eye“ од Лондон; Тевекул Кармен, претседателка на групата за човекови права „Новинарки без синџири“, инаку добитничка на Нобеловата награда за мир во 2011 година; и Јахја Ибрахим, саудиски активист за човекови права и основач на организацијата ALQSТ, ќе бараат одговори во врска со убиството.
Новинари, универзитетски професори и политичари ќе се соберат на „ТРТ Светскиот форум 2019“, кој ќе се одржи под темата „Глобализација во повлекување: ризици и можности“, кој ќе го отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Форумот ќе трае два дена со повеќе од 30 сесии на кои ќе се разговара за прашања што ја окупираат светската агенда како што се десничарскиот тероризам, порастот на популизмот и национализмот, иднината на Блискиот Исток, трговските војни, иднината на Европската Унија и соработката на новите сили.
На Форумот ќе учествуваат и претседателката на Генералното собрание на ОН, Марија Фернанда Еспиноза Гарсес; поранешната претседателка на Бразил, Дилма Вана Русеф; лидерот на малезиската Народна партија на правдата, Анвар Ибрахим; лидерот на опозицијата во Грција, Јанис Варуфакис; романскиот министер за европски прашања, Георг Чамба; поранешениот австриски канцелар Кристијан Керн; поранешниот фински премиер Еско Ахо и поранешниот премиер на Сирија, Ријад Фарид Хиџаб.