Fuat Kabakcı
04 Октомври 2019•Ажурирај: 05 Октомври 2019
ПЕКИНГ (АА) - Во Автономниот Ујгурски Регион во Кина, Синџианг, каде што претежно живеат ујгурски Туркијци, откриени се резерви на природен гас од 115,3 милијарди метри кубни, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Синхуа“, кинеската компанија „PetroChina“ откри нафтени резерви од 115,3 милијарди метри кубни во Синџианг.
Тиен Џун, заменик-генерален директор на оваа компанија, нагласи дека истражувањата извршени во ова место биле успешни, и дека од наредниот месец ќе започнат со редовно производство на природен гас.
Ујгурскиот Регион, кој се наоѓа во северозападниот дел на Кина, која е еден од најголемите потрошувачи на енергија во светот, поседува бројни подземни ресурси, пред сѐ нафта, злато, платина, сребро, ураниум и јаглен.