Lokman İlhan
04 Октомври 2019•Ажурирај: 05 Октомври 2019
БОГОТА (АА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека хуманитарната помош што ја ветиле Обединетите нации сѐ уште не е испратена, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што е објавена во венецуелскиот печат, Мадуро ги критикувал Обединетите нации кои требало да спроведат нов акционен план и негово спроведување за болниците за очни болести во Венецуела и на ова поле во образованието. Во исто време Мадуро ги критикувал и САД поради воведените санкции кон неговата земја.
Мадуро изјави дека Обединетите нации ветувале „палати, замоци“, но истакна дека досега во земјата не пристигнала каква било хуманитарна помош.
Мадуро им се заблагодари на Светската здравствена органиација (СЗО), Панамериканската здравствена унија и Фондот на Обединети нации за помош на деца (УНИЦЕФ) за разновидната помош и соработката.
Претседателот на Венецуела се осврна и на санкциите што САД ги спроведуваат кон неговата земја, подвлекувајќи дека Венецуела е жртва на незаконските и еднострани санкции.
Мадуро во својата изјава рече дека и покрај санкциите, не се откажале од инвестирањето во најсовремените технолошки производи од областа на здравството.
Мадуро соопшти дека се издвоени 100 милиони долари за изградба на 1.000 нови амбуланти, додавајќи дека за купување на уреди за дијализа, одобрен е гранд во висина од 168 милиони и 275 илјади евра.