Erdoğan Çağatay Zontur
26 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
РАМАЛА (АА) - „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) е подготвен за соработка со цел зајакнување на туризмот во Палестина, пренсува Anadolu Agency (AA).
Палестинската министерка за туризам, Рола Мајиа, и заменикот претседател на турската авиокомпанија за Блискиот Исток, Мухамед Фатих Дурмаз, одржаа состанок во градот Витлеем на окупираниот Западен Брег, објави министерството.
За време на состанокот, Дурмаз ја истакнал подготвеноста на авиопревозникот за соработка, што ќе овозможи олеснување во однос на пренесувањето повеќе туристи во Палестина.
Палестинската Mајиа ја истакна силната врска меѓу Палестина и Турција.
Според податоците на палестинското Министерство за туризам, минатата година Палестина ја посетиле над 130.000 турски граѓани. Во 2018 година земјата беше домаќин на над 3 милиони туристи.