Erdoğan Çağatay Zontur
26 Мај 2019•Ажурирај: 27 Мај 2019
БАГДАД (АА) - Ирачкиот претседател Бахрам Салих и иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, разговараа за спречување одредена воена состојба и за намалување на тензиите во регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на својата официјална посета на Ирак, Зариф, разговараше и за неодамнешните регионални и меѓународни случувања, како и за изнаоѓање политички решенија за актуелните кризи, се вели во соопштението на ирачкото Претседателство.
Шефот на иранската дипломатија ја повтори поддршката на неговата земја за Ирак на разни полиња, изразувајќи ја желбата за проширување на соработката меѓу двете земји.
Ирачкиот претседател Бархам Салих, од своја страна, изрази надеж за зајакнување на односите со Иран, со муслиманскиот свет и со арапските земји, истакнувајќи ја визијата на неговата земја за воспоставување избалансиран однос со соседите врз база на заеднички интереси за стабилност во регионот.