Abdullah Aşıran
07 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
ХАГ (АА) - Холандската Влада соопшти дека не го поздравуваат доаѓањето на турскиот вицепремиер Тугрул Туркеш во земјата, каде што тој треба да учествува на настан организиран во рамките на „15 јули – Ден на демократијата и единството“ во холандскиот град Апелдорн, од страна на Сојузот на европските турски демократи (УЕТД), јавува Anadolu Agency (AA).
„Обидот за државен удар е неправеден напад врз турската држава, но ако во моментот гледаме на односите меѓу двете земји, не го поздравуваме доаѓањето на Туркеш или на некој друг министер во земјата“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Холандија.
Во ова соопштение се истакнува дека донесената одлука е поврзана со случувањата меѓу двете земји во март годинава.
„Нашата цел е да се нормализираат односите со Турција. Затоа, подготвени сме да се состанеме со турските власти“, се вели во соопштението.
Според ова соопштение, нема да се забрани активноста на УЕТД.
Потсетуваме, во март оваа година, Холандија ги спречи турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и министерката за социјална политика и семејство, Фатма Бетул Сајан Каја, да се сретнат со турските државјани во Холандија, во рамките на кампањата пред референдумот за уставни промени во Турција, кој се одржа на 16 април.