Yavuz Aydın
19 Јануари 2023•Ажурирај: 22 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Петнаесет војници ги загубија животите, а тројца се повредени во пожарот што избувна во воена единица стационирана во близина на селото Азат во регионот Гегаркуник во Ерменија, известува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави Ерменската официјална новинска агенција „Арменпрес“ (Armenpress), Министерството за одбрана на Ерменија информирало дека околу 1:30 часот по локално време избувнал пожар во бараките на касарната лоцирана во селото Азат во подрачјето Гегаркуник, сместено во близина на азербејџанската граница во југоисточниот дел на земјата.
Ерменското Министерство соопшти дека во пожарот што избувнал од засега неутврдени причини, животот го загубиле 15 војници, а тројца повредени војници се во тешка состојба.