Ruslan Rehimov
08 Април 2022•Ажурирај: 09 Април 2022
КИЕВ (АА) - Артем Дехтјаренко, претставник на украинската Служба за безбедност, извести дека 39 цивили, од кои 4 деца, ги загубиле животите во рускиот ракетен напад на железничката станица, додека чекале евакуација во градот Краматорск во областа Доњецк, известува Агенција Анадолија (АА).
Дехтјаренко на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук ја сподели информацијата дека расисти отвориле оган на железничката станица во Краматорск, дека загинале 39 цивили, од кои 4 деца, и додаде дека е покрената истрага за инцидентот.
Александар Гончаренко, градоначалникот на Краматорск, изјави дека повеќето од повредените во нападот се во тешка состојба, а некои ги загубиле рацете и нозете.
Гончаренко изјави дека болниците не можат да стигнат да им го пружат потребното лекување на ранетите, додавајќи дека околу 40 лекари ги оперирале повредените, а во моментот на нападот, на станицата имало приближно 4.000 цивили.
- Известено е дека руските сили нападот го извеле со ракетата „Точка-У“
Украинската железница објави дека загинале повеќе од 30 цивили кои чекале евакуација, а над 100 цивили се повредени во рускиот ракетен напад на железничката станица „Краматорск“.
Споделени се фотографии од нападот на кои цивили со нивните куфери и службеници на станицата во крв лежат на земја на железничката станица.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски објави дека руските сили станицата „Краматорск“ ја гранатирале со ракета „Точка-У“.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, потврди дека погодиле некои железнички станици во регионот на Доњецк, но тврди дека нападите биле извршени со цел да се уништи воената опрема и оружјето што пристигнало за украинските војници.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека изјавите за рускиот ракетен напад на железничката станица „Краматорск“ од ??? се лажни и претставуваат провокација.
Руското Министерство даде писмено соопштение во кое наведува дека не се точни изјавите на украинската администрација на темата и се тврди дека тактичките ракети „Точка-У“, чии фотографии се објавени, биле користени само од страна на Украинските вооружени сили.
На социјалните мрежи беа споделени фотографии, на кои се гледа дека Русите спроведуваат пратка на ракети „Точка-У“ во регионот, но не е јасно кога се направени споделените фотографии.