Ekip
07 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
КАБУЛ
Талибанците во Авганистан денес влегоа во Калаји-Нау, главниот град на западната провинција Бадгис, што граничи со Туркменистан, со што оваа провинција стана првата провинција во опустошената војна земја каде што талибанците влегоа во центарот во пресрет на повлекувањето на САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во видеоизјавата, гувернерот на провинцијата, Хасамудин Шамс, вети дека сите членови на безбедносните сили се стационирани со цел да ја чуваат провинцијата и дека наскоро ќе ги потиснат бунтовниците кои влегоа во градот. Носејќи воена опрема, гувернерот рече дека силите ќе го штитат Калаји-Нау, додека во позадината се слушаа силни пукотници со оружје.
Според локалниот дневен весник „Етилат Роз“, голем број локални службеници за безбедност заедно со околу 100 безбедносни сили им се предале на талибанците ноќта пред бунтовниците да го нападнат Калаји-Нау, што се покажало катастрофално за силите што го бранеле главниот град на провинцијата.
Во меѓувреме, профилите на проталибанците на социјалните мрежи споделија слики и видеа од колоните на вооружените бунтовници што маршираа кон градот.
Откако американскиот претседател Џо Бајден го објави планот за излез на САД од Авганистан во мај, талибанците зазедоа над 100 области во земјата, додека авганистанските сили тврдат дека убиваат речиси 200 бунтовници дневно во антитерористичките офанзиви.