Sayed Khodaberdi Sadat
23 Ноември 2017•Ажурирај: 24 Ноември 2017
КАБУЛ (АА) - Во акција извршена во покраината Кунар, во источниот дел на Авганистан, убиени се 12 припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на специјалните единици, Езетула Мамунд, за АА изјави дека акцијата во којашто се ранети четворица припадници на ДЕАШ е извршена во дистриктот Mаравара.
Мамунд изјави дека меѓу убиените е и регионалниот челник на таа организација, Хафиз Башир.