Ali H. M.Abo Rezeg
23 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските безбедносни сили уапсија седуммина Палестинци за време на синоќешните рации на Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека уапсените Палестинци се осомничени за учество во терористички активности.
Според податоците на палестинските власти, Израел моментално држи околу 6.500 Палестинци во затворите, а поголемиот дел од нив доаѓаат од окупираниот Западен Брег.
Израелската војска во последно време спроведува рации по целиот Западен Брег, под изговор дека трага по бараните Палестинци.