Ecenur Çolak
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
ВАТИКАН (АА) - Папата Франциско денес ја прифати оставката на австралискиот надбискуп Филип Вилсон, осуден за прикривање случај на сексуална злоупотреба на малолетник во 1970-те години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Надбискупот Вилсон од Аделаида е осуден за прикривање на злоупотребувањето на малолетник во Сиднеј, во 1970-те години, во кое учествувал свештеникот Џим Флечер.
Вилсон (67) на почетокот на месец јули беше осуден на 12 месеци затвор, без можност за условно пуштање на слобода во текот на периодот од шест месеци, јави „Vatican News“.
Во август ќе биде донесена одлука дали Вилсон ќе биде во домашен притвор.
Од Вилсон неколкупати е побарано да поднесе оставка на функцијата надбискуп. На поднесување оставка повикаа бројни политичари, вклучувајќи го и премиерот на Австралија, Малколм Тернбул.
Флечер во 2004 година беше осуден за девет случаи на сексуалнa злоупотребa врз малолетнци, а почина во затвор во 2006 година. Еден од сведоците и жртвите, Петар Крег, при сведочењето изјави дека пет години по злоупотребата за сè му раскажал на надбискупот Вилсон.