Recep Şakar,Emel Öz Gözellik
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
МЕЛБУРН (АА) - Деветнаесет лица се повредени во инцидент кој што се случи во Мелбурн, Австралија, откако возило удри во пешаци, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу повредените во близина на железничката станица е дете чија состојба е сериозна.
На местото на несреќата се наоѓаат бројни медицински тимови, а според очевидец, возилото со голема брзина ги погодило пешаците. Полицијата претходно го уапси возачот.
Сличен инцидент се случи во јануари 2017 година, кога загинаа шест лица.