Recep Şakar
06 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
МЕЛБУРН (АА) – Варовничките карпи распоредени долж брегот во сојузната австралиска држава Викторија, наречени Дванаесетте апостоли, годишно се посетени од околу два милиони туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Карпите што природата ги обликувала долга низа години, се наоѓаат во близина на националниот парк „Порт Кемпбел“.
Податоците на владината организација „Австралија туризам“ покажуваат дека карпите сместени во близина на патот Грејт оушн роуд привлекуваат голем број туристи.
Голем број посетители доаѓаат на местото каде што најдобро може да се види изгревањето и заоѓањето на Сонцето.
Силните океански бранови и ветерот придонеле карпите да се формираат во текот на 10-20 милиони години, независно од брегот.
Една од деветте карпи, која беше висока 45 метри, се сруши во 2005 година