Aşkın Kıyağan
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ВИЕНА (АА) - Австриското Јавно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против канцеларот Себастијан Курц и уште девет лица поради наводи за подмитување и за лажење на јавноста, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во утринските часови беа извршени рации на неколку локации, бидејќи обвинителите се сомневаа дека Министерството за финансии и конзервативната Народна партија (OVP) на Себастијан Курц го подмитиле сопственикот на весникот „Волфганг Фелнер“ за позитивно да го прикажат канцеларот во публикациите на весникот.
Во соопштението од Јавното обвинителство се вели дека помеѓу 2016 и 2018 година, средства од Министерството за финансии биле искористени за плаќање на „партиски политички мотивирани и понекогаш манипулирани анкети“ на компании за испитување на јавното мислење.
Во тоа време, Курц го презеде раководството на десничарската Народна партија и формира коалициска Влада со крајно десничарската Партија на слободата.
Се истакнува дека имињата на двајца високи менаџери на таблоидот „Остеррајх“, кој доби најмногу реклами во земјата, биле вклучени во истрагата.
Претседателот Александар ван дер Белен, во изјава по случувањата, зборуваше за невообичаена и многу сериозна процедура и ја нагласи важноста да не му се стои на патот на законот.
Курц, кој присуствуваше на Самитот на лидерите на ЕУ во Словенија, ги негира обвинувањата наведени како основа за истрагата.