Selen Temizer
19 Јануари 2022•Ажурирај: 20 Јануари 2022
БРИСЕЛ (АА) - Агенцијата за азил на Европската Унија (ЕУ) започна со работа како потполно овластена агенција која обезбедува одлуките за азил да се донесуваат брзо и чесно и да се усогласени со политиките на целото подрачје на ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Европската комисија се вели дека новата агенција, како дел од новиот пакет за вселување и азил на Комисијата, ја заменува Европската канцеларија за поддршка за азил и ја трансформира институцијата во потполно овластена агенција.
Агенцијата ќе помага да се обезбеди дека одлуките за азил ќе се носат брзо и праведно и да се усогласат стандардите на земјите членки за прифаќање со нивните системи за азил.
Освен тоа, Агенцијата ќе обезбеди поддршка на земјите членки за прашања како што се идентификација и регистрација на државјани од трети земји, доколку тие тоа го сакаат.
Агенцијата ќе формира работно место наречено „Службеник за фундаментални права“ и ќе проверува дали ова лице ги почитува основните права на мигрантите за време на активностите на Агенцијата.
Покрај својот тим, Агенцијата ќе има персонал од најмалку 500 експерти за азил, а оваа група ќе обезбедува оперативна поддршка на земјите членки на терен.
Се очекува Агенцијата да започне со ревизија на земјите членки од 31 декември 2023 година, за тоа како тие го спроведуваат заедничкиот систем за азил на ЕУ. Се планира Агенцијата да ги проверува областите како што се основните права, гаранциите за заштита на децата и условите за упис.
Првиот предлог за тоа беше даден за време на мигрантската криза во 2016 година. Формирањето на Агенцијата се опишува како прв конкретен чекор што ЕУ го направи во однос на нејзините широко критикувани миграциски практики.