Ihvan Radoykov
19 Јануари 2022•Ажурирај: 20 Јануари 2022
СОФИЈА (АА) - Бугарските и американските сили започнаа заедничка воена вежба која ќе трае повеќе од шест месеци, соопшти бугарското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вежбите се започнати во воениот објект Ново Село во јужна Бугарија и ќе завршат на 30 јуни“, се вели во соопштението на Министерството.
Дел од воените вежби ќе бидат американските оклопни возила М2А3 и тенковите М1А2 Абрамс, заедно со различни хеликоптери и други воени возила.
„Во вежбите се вклучени и обука за стрелање и тренинг-летови со воени хеликоптери“, се додава во соопштението.