Ekip
06 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
НОЈМИНСТЕР (AA) - Адвокатскиот тим на Карлес Пуџемон пристигна денеска во германски затвор, каде што поранешниот каталонски лидер беше задржан во изминатите две недели, јавува Anadolu Agency (AA).
Пуџдемон треба да биде пуштен денес од притворот со кауција од 75.000 евра. Пуџдемон беше уапсен на 25 март по преминот на германската граница од Данска. Шпанија претходно издаде европска потерница за негово апсење и екстрадиција.
Централните шпански власти во Мадрид го обвинија Пуџдемон за побуна и злоупотреба на јавните средства за организирање на минатогодишниот неуставен референдум за независноста на Каталонија.
Германскиот суд во Шлезвиг во четвртокот одлучи дека поранешниот каталонски лидер не може да биде екстрадиран поради обвиненија за побуна, но дека екстрадицијата е можна поради криминалот со измамнички финансии.
Пуџдемон на 25 март беше приведен во Германија додека се враќал во Белгија, каде што престојува откако ја напушти Шпанија.
Шпанското судство го терети за побуна откако парламентот Каталонија прогласи независност врз основа на референдумот за независноста од 1-ви октомври, иако шпанската влада го прогласи референдумот неуставен.
Освен за побуна, Мадрид 55-годишниот поранешен каталонски лидер исто така го терети и за злоупотреба на јавните средства.