Ali Cura
14 Септември 2022•Ажурирај: 15 Септември 2022
БАКУ (АА) - Азербејџан е подготвен да ги предаде телата на околу 100 ерменски војници загинати во конфликтот што започна со провокации на Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Државната комисија за заробени, исчезнати и заложници на Република Азербејџан, се наведува дека на 12 и 13 септември биле спречени провокации против територијалниот интегритет на Азербејџан.
Беше нагласено дека Азербејџан ја покажува својата посветеност на меѓународното хуманитарно право.
„Од Ерменија беше побаран прекин на огнот, а таа беше известена дека сме подготвени да ги предадеме телата на околу 100 загинати ерменски војници на другата страна“, се вели во соопштението.
Беше забележано дека за проблемот е запознаен и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
На границата на Азербејџан и Ерменија завчера вечер избувнаа интензивни судири меѓу воените единици на двете земји.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменската војска ноќта на 12 септември и вчераутро извршила провокации во правец на границата со Азербејџан во Дашкесен, Келбајар, Лачин и Зангилан.
Некои позиции и засолништа на Азербејџанската армија на границата беа под постојан оган од оружје од различен калибар, вклучително и минофрлачки гранати, а најмалку 50 припадници на Азербејџанската армија ги загубија животите како маченици.
Азербејџанската војска возврати за да ги замолчи позициите на Ерменските вооружени сили и да спречи ширење на конфликтот, а на ерменските војници им беа нанесени големи загуби.